Музејот на 80-тите во Сараево - Фото: Принтскрин/ Кликс.ба

ФОТО | Носталгија од 80-тите: Музеј во Сараево изложи полициско „Југо“ во автентичен стан на трет кат

По отворањето на Музејот на 80-тите во Сараево ова лето, денес е отворен и вториот дел од поставката, кој ќе ја збогати понудата и ќе им овозможи на посетителите подлабоко да навлезат во духот на едно време, пишува „Кликс.ба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klix.ba (@klixba)

Музејот е замислен како вистинско катче на носталгијата и има неколку сегменти, а просторот е уреден така што создава амбиент на автентичен дом од тој период. Месеци наназад се собирале и откупувале разни предмети, а за некои дури и ја поминувале границата на Босна и Херцеговина.

Сега на постојните простории им е додадена гостинска соба, како и училница со оригинални клупи од тој период. Највпечатливиот сегмент од вториот дел на поставката е полицискиот автомобил „Југо“ кој успеал да влезе во станот.

Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба
Музејот на 80-тите во Сараево – Фото: Принтскрин/ Кликс.ба

Помошникот директор на „Босанскиот музеј на сеќавања“, Азем Хељиќ, на отворањето изјавил дека постојната поставка е проширена со нови сегменти кои до сега не биле обработувани, а се важни за музејската презентација од тој период.

„Во овој дел од поставката имаме и автомобил. Посетителите се прашуваат како автомобилот можел да влезе на третиот кат. Ние на некој начин успеавме. Тоа е полициско ‘Југо’, но можете да го замислите во било која боја“, рече Хељиќ.

Она што овој музеј го прави посебен е тоа што посетителите можат да ги допираат експонатите, да пробаат да работат на пишувачка машина, да користат мелница за кафе, да читаат писма од армијата, да вклучат стар телевизор или дури да возат собен велосипед.

„Во Босанските музеи на сеќавања имаме четири музеи, а Музејот Сараево во 80-тите е нашиот најмлад музеј и истовремено најголем по површина – засега. Нашата мисија е зачувување на културното наследство, историското наследство и културата на сеќавање во рамките на музејската дејност“, рече Хељиќ.

Меѓу предметите кои посетителите досега не можеле да ги видат се пишувачка машина и целата „опрема“ на работната маса, како и козметички производи кои најчесто ги користеле берберите во тој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот