ФОТО: Никола Серафимов е во тимот на колото во унгарскиот фудбалски шампионат

фото: instagram.com/vidinstagram

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е во идеалниот тим на 16 коло од унгарското фудбалско првенство.

Нашиот играч беше најдобро оценет во победата на МОЛ Фехервар против Мезекевешд со резултат 2:0.

Моментно по 16 одиграни кола МОЛ Фехервар се наоѓа на третото место со 27 бодови, седум помалку од водечкиот Пакси, а втор е Ференцварош со 30.

Серафимов ја игра својата трета сезона во Унгарија, втора во МОЛ Фехервар во чиј дрес сезонава во шампионатот има до сега 14 настапи и еден гол во победата од 3:1 над Кишварда во октомври.

фото: csakfoci.hu

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот