ФОТО | Ники Минаж се пофали дека добила Библија од Трамп со негов потпис
Раперката Ники Минаж се пофали на социјалните мрежи со Библијата што претседателот Доналд Трамп ја потпишал и ѝ ја подарил.
Препорачано
Таа објави фотографија од подарокот на профилот на Икс, опишувајќи го како „еден од најзначајните подароци што некогаш сум ги добила“.
Станува збор за специјално издание на Библијата „Господ да ги благослови САД“, која се продава со потпис на Доналд Џ. Трамп, 45-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.
Доналд Трамп официјално ја одобри Библијата „Господ да ги благослови САД“ во март 2024 година, а примероците беа продадени за 59,99 долари. Библијата ја уреди кантри пејачот Ли Гринвуд, а покрај традиционалните библиски текстови, таа содржи и Американската заклетва за верност, Повелбата за правата и Декларацијата за независност.
Инаку, Ники Минаж стана една од најистакнатите јавни поддржувачи на Доналд Трамп во последниве години. Во јануари оваа година, придружувајќи му се на Самитот на Министерството за финансии во Вашингтон, таа се нарече негов „фан број еден“.
One of the most meaningful gifts I’ve ever received in my entire life. pic.twitter.com/AfupGNVTpY
— Nicki Minaj (@NICKIMINAJ) February 22, 2026
ФОТО | Ники Минаж објави ВИ фотографии на кои се вози во автомобил со Трамп и брои пари


