Ивана Темелкоска/Инстаграм
Ивана Темелкоска/Инстаграм

ФОТО | Несекојдневен рецепт на Ивана Темелкоска: Турски „чилбир“

Ивана Темелкоска е креативка за убави нешта во животот, но и во кујната. За денес ни приготви „Чилбир“ (турски јајца), несекојдневно јадење што потекнува од Отоманско време, а е редовен појадок во Турција.

Овој оброк е совршен појадок, но и вечера.

За 2 порции ви требаат:

  • 300 гр грчки јогурт,
    1 чешне лук,
  • 2 големи лажици путер,
    1 лажица маслиново масло,
  • 1 лажица халеб бибер (јас ова немав, па искористив мешавина од лут буковец и црвен бибер),
    2 јајца и 1 лажица лимонов сок

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Temelkoska (@madmona7)

Подготовка:

Во длабок сад ставете го грчкиот јогурт, едно здробено чешне лук и малку крупна сол, ставете го садот врз тенџере со вода што врие и со вилушка матете го јогуртот додека не стане воздушест, но не оставајте да се загрее премногу, треба да е млак. Тргнете го тенџерето со се садот на страна. Путерот топете го на тивок оган во друг сад, треба да добиете лесно кафеав путер, потоа тргнете го на страна, додајте ги маслото и пиперот и промешајте. Додека се топи путерот во длабоко тенџере зовријте поголемо количество вода за поширање на јајцата. Во водата турете една лажица лимон, кога ќе зоврие, намалете ја температурата (водата не треба да врие кога ги ставате јајцата внатре), со лажица направете вртлог и јајцата едно по едно поширајте ги по 2 3 минути односно додека белката не е зготвена, а жолчката сè уште жива. Во чинии прво поделете го јогуртот, ставете ги јајцата и потоа ставете од путерот. Сервирајте со тостиран или свежо печен леб.

Турски јајца/Чилбир/Ивана Темелкоска/Инстаграм
Турски јајца/Чилбир/Ивана Темелкоска/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот