ФОТО: Ненси и Роналд Реган – љубовна приказна која траела 52 години, си биле доволни сами на себе, а со децата имале чуден однос

Profimedia

Љубовната приказна на еден од најпознатите претседателски парови на сите времиња, онаа на Ненси и Роналд Реган е вечна инспирација за многумина.

Авторката на биографијата „Триумфот на Ненси Реган“, Карен Тумпули, ни открива интересни детали за романсата помеѓу Роналд и Ненси Реган. Малку познато е дека нивната љубов била толку силна што на крајот од животот си биле поважни едни на друг од сопствените деца. Токму нивниот однос, како и дисфункционалното семејство во кое најмногу страдале децата е основата на нивната епска љубовна приказна.

Родена како Ана Франсис Робинс, идната прва дама на Америка практично пораснала без мајка. Имено, нејзината мајка, актерката Едит Лукет Дејвис,  ја оставила со дадилка, чичко и тетка додека барала актерски ангажмани, а откако се омажила за неврохирургот Лојал Дејвис, кој ја посвоил Ненси и семејството се преселило во Чикаго.

Дека крушата под круша паѓа се покажало кога Ненси како девојче, решила да ја бара својата среќа во театарот. Со цел да ги оствари своите соништа, таа се преселила во Њујорк, а најмногу улоги добила благодарение на познаниците на мајка ѝ. На почетокот на 1949 година, ѝ се јавил агент и споделил со неа дека некој од медиумската компанија „MGM“ сака да ѝ направи пробно снимање во Калифорнија. Тоа се случило благодарение на Спенсер Трејси, актер кој ѝ направил услуга на нејзината мајка, а бидејќи била добра склучиле седумгодишен договор со месечна плата од 250 долари.

Кога се запознал со филмската ѕвезда, тогашен претседател на „Еснафот на филмски актери“, кој во иднина ќе стане двапати гувернер на Калифорнија, но и претседател на САД – се родила љубовта помеѓу Ненси Дејвис и Роналд Реган. Иако „кликнале“ веднаш, работата станала сериозна дури откако решиле да се венчаат во 1952 година.

За време на бракот, тие имале две деца – Пети е родена во 1952 година, а Рон шест години подоцна, со што Реган имал три деца од неуспешниот брак со актерката Џејн Вајман, Морин, Кристин и Мајкл.

Ненси Реган го познавала својот сопруг подобро од било кој друг на светот. „Кога не беше задоволна од нешто, сите го знаеја тоа на авионот, а оние кои не ѝ беа премногу симпатични не издржаа долго на своите позиции“, пишува во биографијата која го цитира Стјуарт К. Спенсер, шеф на политичката стратегија на Реган. Тој тврди дека двојката била неразделна и приватно и политички. „Да не беше таа, тој никогаш немаше да стане гувернер, исто како и претседателот“.

Спенсер се присетил на еден инцидент кога тој го придружувал парот до „Union Station“ за да може Реган да се качи на воз и да отиде на снимиње на телевизиско шоу. „Кога машино-возачот викна дека возот тргна, Рон и Ненси паднаа во прегратки и почнаа да се бакнуваат. Не запреа. Тоа беше како сцена од филм“, се присетил Спенсер.

Она што ги воодушевувало сите е интензитет на љубов и страст која тие непрестајно ја чувствувале. Како сето тоа изгледало далеку од очите на љубопитната јавност, најдобро опишува писмото што Реган ѝ го испратил на својата сакана сопруга на 24 мај 1963 година. Писмото се однесува на проблемите што ги имале со своите деца – Мајкл, посвоениот син од неговиот прв брак и Пети, ќерката со Нанси.

„Навистина не е важно дали Мајк ќе го купи својот прв автомобил или ќе троши пари на облека. Она што двајцата го сакаме за него е тој конечно да излезе на вистинскиот пат на кој ќе може сам да се издржува… (Пети ме загрижува за друга работа, но ќе се обидеме да го средиме тоа најдобро што можеме)“, пишува во писмото. „Но, она што најмногу ме загрижува е тоа што и покрај исполнетите одговорности кон потомството, ние сме биле невнимателни во една друга работа, во она што си претставуваме еден на друг“, напишал Реган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tportal.hr (@tportal.hr)

Односот со децата само се влошил со годините, Пети одбила да даде каква било изјава за биографијата на мајка ѝ, тврдејќи дека ја тепала и дека била зависна од апчиња. Ова го потврди и нивниот син Рон, изјавувајќи дека растењето со неа не било воопшто лесно. „Таа беше прилично анкциозна, особено кога татко ми беше на пат. Никогаш не знаевме која од нејзините личности ќе биде присутна тој ден, затоа секогаш моравме да бидеме внимателни“, изјави Рон.

Сепак, со текот на времето, Пати научила да ѝ прости на својата покојна мајка, но исто така не е подготвена јавно да зборува за нивната врска. Само еднаш изјави за „NBC News“: „Нивните животи немаше да бидат уништени да не бевме ние. Ќе можеа целосно да се посветат еден на друг, нешто што беше искомплицирано од децата“.

Дека децата не им биле на прво место, потврди и славниот покоен новинар и водител Лери Кинг, кој еднаш рече: „Нивната љубовна приказна им беше поважна од љубовта што ја чувствуваа кон своите деца. Тие не им беа на прво место“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The President Guy (@thepresidentguy)

Врската со Мајкл се искомплицирала неколку години пред неговиот татко да почине во 2004 година од ефектите на Алцхајмеровата болест. „Врската помеѓу Мајкл и Ненси со текот на времето стана толку грда што таа почна да се плаши од моментите што требаше да ги помине сама со него. Кога доаѓаше во посета, Тајната служба поставуваше агент од претпазливост да внимава на него“, напишала Тумпул, како што потврдил неговиот полубрат Рон: „Тајната служба беше многу загрижена за Мајк, особено по инцидентот кога тој се наведна над неа и врескаше дека на сите ќе им биде подобро ако таа е мртва, па донесоа одлука никогаш да не ги оставаат сами во куќата. Во тие ситуации секогаш ставаа некого пред врата“.

Сепак, и покрај сите овие приказни, бракот кој траеше неколку децении не ги заобиколи проблемите и предизвиците. Како што откри авторката на книгата, откако претседателот за малку ќе умрел во обид за атентат во март 1981 година, првата дама станала опседната со обезбедувањето на безбедноста на нејзиниот сопруг. Таа дури и го принудила да носи панцир – кој мразел да го носи, и им наложила на неговите асистенти да ги прескокнат сите јавни настапи на отворено, дури и побарала совети од астролог, сакајќи да знае во што период тој не треба да патува.

Инаку, тој обид за атентат ја „срушил“ Ненси Реган и според очевидци, таа со месеци постојано плачела кога тој не бил таму.

Последните месеци од неговиот живот им биле многу тешки, Роналд ги поминал заробен во сопственото тело поради ефектите на Алцхајмеровата болест. Поранешниот лекар во Белата куќа, д-р Хатон, се присетил на еден момент од посетата на нивниот дом. „Ненси го вклучи радиото и ги крена рацете барајќи од нејзиниот сопруг да танцува на песната „Unforgettable“. Тоа беше нивна песна и во минатото секогаш паѓаа во прегратки и танцуваа заедно. Но, тогаш тој дури и не ја забележа“. Неговата смрт во јуни 2004 година ја „скршила“ Ненси, таа умира во 2016 година, пишува „tportal“.

Видео на денот