ФОТО | „Нејзините објави се одвратни и неприфатливи“: Дизни ја избрка Џина Карано од „The Mandalorian“

Актерката Џина Карано долго време практикуваше да го објавува тоа што го мисли – чин што ја отстрани од најновата хит-серија во продукција на Дизни+, The Mandalorian („Мандалорецот“), oд франчизата Star Wars („Војна на Sвездите“) на Лукасфилмс.

Џина Карано / Credit line: Supplied by LMK / IPA / IPA / Profimedia

Поранешната ММА боречка беше oтпуштена во вторникот од хит-серијата во продукција на Лукасфилм и Дизни+, кадешто две сезони ја играше улогоата Кара Даун, и иако се чинеше дека ќе ја гледаме и во претстојните епизоди, сега се’ се промени – Од комапниите истакнаа дека „нема никакви планови“ за таа некогаш повторно да биде дел од актерската екипа.

Credit line: Supplied by LMK / IPA / IPA / Profimedia

Гигантите не криеја зошто е отпуштена, зборувајќи за нејзините објави на социјалните мрежи кои ги „оцрнуваат луѓето, засновани на нивниот културен и религиозен идентитет“, а ги нарекоа „гнасни, одвратни и неприфатливи“.

Она што ја „прели чашата“ за компаниите, е што деновиве актерката сподели објава на ТикТок во која се споредува сегашната поделена политичка клима во САД со нацистичка Германија.

„Евреите беа тепани на улиците, не од нацистички војници, туку од нивните соседи… дури и од деца. Бидејќи историјата е уредувана, повеќето луѓе денес не сфаќаат дека за да стигнат до точка каде што нацистичките војници можат лесно да соберат илјадници Евреи, владата прво ги натера своите соседи да ги мразат едноставно затоа што биле Евреи. Како е тоа различно од тоа да мразам некого заради неговите политички ставови “, напиша таа во објавата.

Принтскрин / Инстаграм – Џина Карано

Неколку часа подоцна, друга фотографија на инстаграм-профилот на Карано прикажа лице со неколку маски кои ги покриваат лицето и главата, со натпис: „Во меѓувреме во Калифорнија“.

И двете објави беа избришани во средата од нејзиниот инстаграм-профил, но истите веќе беа преземени од следбениците, како и повторно реобјавувани.

Останаа и други објави, како и цитат со изјава „Очекувајќи секој што ќе го сретнеш да се согласи со секое верување или поглед што го имаш“, и еден во кој се вели „Џефри Епстин не се самоуби“.

Откако Лукасфилм во средата потврди дека Карано нема веќе да биде дел од aктерската екипа на The Mandalorian („Мандалоријанецот“), извори за Холивуд репортер тврдат дека компаниите и актерката се „препукувале“ со месеци.

Од средата, хаштагот #FireGinaCarano (Отказ за Џина Карано) започна да се појавува во трендинг-секцијата на социјалната мрежа твитер, при што твитерџиите кои ја поддржуваат актерката, започнаа масовно да ги означуваат официјалните профили на режисерите, Дизни, Дизни +, Војна на вездите и Лукасфилм.

Всушност, ова не е првпат актерката да предизвика хаштагот #FireGinaCarano да се најде во секцијата „трендинг“ и да се однесува на нејзините отворени ставови.

Една од првите бури што Карано ги предизвика на Интернет, се случи изминатиот септември кога се осврна на користењето транс-пријателски заменки – па да го ажурираше своето био на Твитер со зборовите „бип / боп / буп“.

Откако предизвика лавина рекации, актерката изјави дека нејзината објава воопшто не била за да се потсмева на транс-заедницата, туку за „разоткривање на насилничкиот менталитет на мафијата која го презема гласот на многуте каузи“.

„Јас воопшто не сум против трансродовите лица, но нивната заедница треба да најде помалку агресивни застапници“, напиша таа во отстранетиот твит.

Тука не беше крајот, односно минатиот ноември Карано коментираше на социјалните мрежи во прилог на (не)носењето заштитни маски, како и за „украдени претседателски избори во САД“.

„Ако молчите за своите верувања затоа што сте загрижени дека некој ќе биде навреден, тогаш вашите верувања не се толку важни за вас, туку за тоа што мислат луѓето за вас“, објави Карано откако беше нападната на твитер, истакнувајќи: „Она што луѓето го гледаат во вас, ќе зборува погласно од тоа како луѓето се чувствуваат за вас, бидејќи на крајот, кога ќе застанеме зад она што е исправно и вистинито, ќе имаме многу кои не мразат или нè сакаат, но сите ќе знаат за што сме се бореле“.

Credit line: Supplied by LMK / IPA / IPA / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот