ФОТО | Не постои поголем џентлмен од Пирс Броснан: Сите се шегуваат за изгледот на неговата жена, а тој секој ден ја сака се повеќе!

Фото: Профимедиа

Пирс Броснан од 2001 година е во брак со Кили Шај, а сега беше фотографиран како по една вечера, тој како совршен џентлмен и ја отвара вратата од автомобилот. Очигледно е дека и денес се сакаат како на почетокот на врската.

Односот на миленикот на жените Пирс Броснан (67) и неговата 10 години помлада сопруга Кили Шај веројатно е еден од најидеалните во светот на познатите.

Актерот, кој го играше тајниот агент Џејмс Бонд во четири филмови, е виден со сопругата Кили по вечерата во еден ресторан во Малибу. Пирс бил во лежерно издание и носел фармерки, јакна, капут и заштитна маска. Неговата сопруга облекла долг фустан со леопард принт и капут.

Броснан покажа дека и после 20 години кон Кили се однесува како џентлмен, при што тој и ја отвори вратата од автомобилот, па така таа седна зад воланот, а тој на совозачкото место.

Фото: Профимедиа

Парот е во брак од 2001 година, а Пирс во една прилика раскажа како таа го спасила од депресијата по трагичната смрт на неговата прва сопруга. Ирско-американскиот актер, кој уште одамна ги освои срцата на жените, но и на мажите ширум светот, зад себе ја има трагичната загуба на првата сопруга Касандра Харис.

Тој со неа се ожени во 1980-та година, а таа почина во 1991 година од карцином. Колку Пирс ја сакал Касандра говори и фактот што тој го посвоил нејзиниот син Кристофер (47) и ќерката Шарлот, а наскоро го добиле и синот, актерот Шон (36).

Фото: Профимедиа

По смртта на Касандра на трагедиите во животот на Броснан им немало крај, па така тој повторно се соочил и со смртта на ќерката Шарлот која исто како и нејзината мајка имала рак на јајници и починала во 2013 година, во 42-та година од животот.


Од депресијата по смртта на сопругата Броснан, како што изјави во една прилика тој, го спасила токму Кили. Ја запознал во 1994 година во едно кафуле во Мексико и се вљубил, а и денес често додека зборува за неа ја нарекува „своја девојка“. Подоцна таа му помогнала да ја преброди и смртта на ќерката, па така нивната љубов станала се посилна.


Нападите на Кили поради нејзиниот изглед и тежината ги нарече расипани и често истакнува дека тој крај себе нема потреба од супермодел, туку од вистинска жена.


Тој позираше и снимаше со бројни убавици, но ниту една не успеа да допре до него и да ја замени неговата сопруга со која има два сина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот