ФОТО | Навистина е тешко да се поверува дека има 92 години! Џоан Колинс во шик издание
Славната холивудска актер Џоан Колинс (92), ѕвезда на хит серијата „Династија“, се појавила на премиерата на мјузиклот во Лондон и го привлекла целото внимание.
Препорачано
Навистина е тешко да се поверува дека познатата Џоан Колинс, која сè уште се памети по улогата на злобната Алексис Карингтон Колби, има дури 92 години и дека во мај ќе наполни 93 години!
Дури и во десеттата деценија од животот, оваа актерска легенда не ѝ одолева на модата и нејзиниот младешки изглед ги остави речиси сите без зборови. Се чини дека времето како да застанало, особено кога ја гледаме во ова шик издание, во кое го привлекла целото внимание.
Joan Collins, 92, looks incredible in pink tartan as she walks the red carpet for Kinky Boots’ opening gala at the London Coliseum https://t.co/xfyl83axqh
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 29, 2026
Носела комплет сочинет од миди здолниште и елек под кој имала обична црна маица одоздола, а оваа разиграна комбинација ја кренала на повисоко ниво со долг кожен капут, едноставни црни лакирани чизми и кожени ракавици.
Од модните додатоци имала кожена чанта преку рамо и нејзините препознатливи темни, големи очила за сонце. Фризурата не ја менува веќе со децении, па и овој пат било невозможно да не се препознае на прв поглед за која легенда станува збор.
ВИДЕО | Џоан Колинс знае како да живее на 91 година: Ужива на јахта со 32 години помладиот сопруг
ФОТО | Џоан Колинс прослави 24 години брак со 32 години помладиот сопруг


