ФОТО | Наташа во новите епизоди на „Сексот и градот“: Се враќа најголемата ривалка на Кери Бредшо 

сексот и градот
Фото: Instagram

Последниве денови, главните хероини од серијата „Сексот и градот“ повторно се на улиците во Њујорк поради снимањето на новото продолжение на серијата со наслов „And Just Like That“, пренесува „Page Six“. Возбудата уште повеќе се зголеми откако беше откриено дека најголемата ривалка на Кери Бредшо повторно ќе ја гледаме во новата серија.

Секако, станува збор за Наташa Нагински, втората сопруга на Sверката, која ја игра Брижит Мојнахан. Таа ќе се појави во серијата како специјален гостин, но и тоа е доволно за да не интригира.

НАТАША
Фото: Profimedia

Брижит Мојнахан беше фотографирана на снимањето во Њујорк, а според виденото, јасно е дека нејзиниот лик го задржа својот препознатлив, софистициран и женствен моден стил. Актерката носеше свилена кошула со кратки ракави во нежно сина боја, здолниште во крем боја под колената со процеп во средината, беж сандали и голема темно зелена чанта.

Крис Нот, кој го игра Ѕверка, исто така се враќа во продолжението на „Сексот и градот“, но не е познато со кого Брижит ги снимала сцените бидејќи е сама на фотографиите од сетот. Но, познато е, како што пишува „Page Six“, дека според сценариото, бракот на Кери Бредшо и Џон Престон сериозно ќе се разниша, а парот ќе се најде среде горчлив развод во новата серија.

Не се сомневаме дека нè очекуваат многу возбуда и заплеткувања, исто како што тоа било отсекогаш во животот на хероините на „Сексот и градот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот