ФОТО | Нашиот познат уметник и сликар, Ване Костуранов изложи свои дела во Загреб

Ване Костуранов

Од 26 до 30 октомври, на покана на фестивалот „Pazi, knjiga“ во Загреб, нашиот Ване Костуранов ја има честа да ги претстави своите илустрации пред хрватската публика.

Изложбата е поделена во три тематски целини и се одржува во три различни локации во Загреб.
Едната целина е во излогот на книжарницата и читална „Богдан Огризовиќ“, каде што може да се видат голем број од неговите популарни илустрации, додека во „Галерија VN“ е изложена селекција од авторските сликовници на Ване („Ѕвездено дете“, „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“). Во книжарницата „Kajfesov brijeg“ e претставен избор илустрации од сликовниците кои се настанати во соработка со други авторки. (Даниела Павлек, Ана Ѓокиќ, Ема Понграшиќ, Билјана. С. Црвенковска).

Ване Костуранов
Ване Костуранов/Facebook
Изложба
Ване Костуранов/Facebook
Ване Костуранов
Ване Костуранов/Facebook

Хрватската публика ќе може да ужива во овие македонски репрезентативни и модерни парчиња уметност, благодарение на покровителството на Министерството за култура и медиуми на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот