ФОТО | Направиле ДНК тест од шега, кога пристигнал резултатот, светот им се свртел наопаку!

Дона и Ванер Џонсон одлучиле да купат комплет за ДНК тестирање поради забава и шега, но еден месец подоцна, резултатите од тестот им го превртeле целиот свет наопаку.

Двајцата наскоро дознале дека нивниот 12-годишен син, кој бил зачнат на клиника за вештачко оплодување, не е биолошко дете на Ванер. Се испоставило дека дошло до „забуна“ во клиниката за вештачко оплодување и дека јајце-клетката на Дона е оплодена со сперма од непознат донор, пишува „Лад Бајбл“.

Во интервјуто за американската телевизија Еј-би-си4, Ванер Џонсон рекол дека не му било јасно што се случило кога ги прочитал резултатите од тестот.

– Кога ги погледнав резултатите од тестот, го видов името на мојата сопруга под името на мајката, а под името на таткото – непознато – и си помислив: „Што сакате да кажете со тоа – таткото е непознат?! Јас сум неговиот татко“ – изјавил тој.

Ванер и Дона се одлучиле за инвитро третмани (вештачко оплодување) во 2007 година, откако не можеле сами да зачнат второ дете.

Дона рекла дека сфатила дека нешто не е во ред кога резултатите покажале дека нивниот постар син е полубрат на помалиот. Поради тестот, тие откриле дека јајце-клетката на Дона случајно е оплодено со туѓа сперма во текот на процесот на вештачкото оплодување.

– Сфаќате дека постои можност такво нешто да се случи, но никогаш не ви паѓа на памет дека тоа може вам да ви се случи. По шокантното откритие имаше многу различни емоции низ кои моравме да поминеме заедно, но љубовта кон нашиот син никогаш не се промени – рекол Ванер.

Тие му ја рекле вистината на својот син дури по една година, кога одлучиле и да го побараат неговиот биолошки татко. Откако успешно го пронашле донорот, Ванер му се јавил и ја открил вистината во, како што рекол „најлудиот разговор во својот живот“.

Се испоставило дека биолошкиот татко на момчето со својата партнерка дошол во клиниката истиот ден како и Ванер и Дона.

Двата пара одлучиле да поднесат тужба против клиниката за плодност.

„Она што го поминуваме е неверојатно“, изјавил Ванер.

– Мислевме дека поради тоа што сѐ поминуваме, тие ќе бидат пољубезни и дека ќе комуницираат со нас со повеќе внимание, но тоа воопшто не е така – рекол огорчено тој, мислејќи на клиниката којашто ја направила оваа неверојатна грешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот