ФОТО | „Најтажната принцеза на светот“ конечно насмеана: Шарлин вторпат во јавноста по лекувањето

Принцезата Шарлин од Монако конечно се враќа на јавниот живот. На турнирот во рагби вчера принцезата блесна во совршена модна комбинација опкружена со своето семејство, принцот Алберт и нивните деца принцезата Габриела и принцот Жак.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Шарлин (44) минатата година помина 10-ина месеци во Јужна Африка. Таа доби сериозна инфекција на синусите додека беше на хуманитарно патување во нејзината родна земја, поради што беше хоспитализирана, што го одложи нејзиното враќање во Монако.
Принцезата Шарлин се врати дома во ноември, но веднаш замина во Швајцарија на лекување од „исцрпеност“.
Најтажната принцеза на светот, како што ја нарекуваат, вчера по вторпат беше видена во јавноста по нејзиното лекување, а многумина овој настан го опишаа како „настан кој во кнежевството се чекаше многу, многу месеци“.
View this post on Instagram
Шарлин блеснала во темно син миди фустан, со крената јака и интересни детали околу половината. Носела едноставни црни чевли, а кратката коса одлично се совпаѓала со целиот стајлинг. Шминката била едноставна, како и накитот, носела само сребрени обетки.
И, што е можеби и најважно, многумина забележаа дека принцезата Шарлин конечно е насмеана.

ВИДЕО | „Најтажната принцеза на светот“ го прослави 44. роденден сама во болница