ФОТО | Принцезата Шарлин плаќала 43.000 евра неделно во клиниката во Швајцарија: Ова е скриеното засолниште на богатите

принцеза шарлин
Откриена локацијата во Швајцарија каде се лекувала принцезата Шарлин / Фото: EPA-EFE/ Принтскрин/Инстаграм

Откако принцезата Шарлин конечно се врати во Монако во прегратките на нејзините седумгодишни близнаци, принцезата Габриел и принцот Жак, во јавноста почнаа да протекуваат детали за нејзината рехабилитација.

Имено, принцезата за престојот во луксузната швајцарска клиника неделно плаќала по 43.000 евра, каде на крај „се задржа“ дури четири месеци. Откако се повлече од јавноста и се посвети на своето здравје, локацијата се криеше од јавноста, но, набргу почнаа да се шират гласини дека принцезата одмара во Швајцарија.

Светските медиуми тврдат дека Шарлин била сместена во луксузната „Clinic Les Alpes“ уште во ноември минатата година.

принцеза шарлин, принц алберт
Принцезата Шарлин и принцот Алберт во 2020 година / Фото: EPA-EFE/ERIC GAILLARD

Луксузната клиника е сместена во швајцарските Алпи, недалеку од Монтре на Женевското езеро, каде приватноста е загарантирана.Се вели дека ова е една од најдобрите клиники за ментално здравје, но и за борба против зависности.

„Les Alpes“ на своите пациенти им нуди индивидуални програми, со 24-часовна грижа. Секој пациент е сместен во некоја од луксузни соби или апартмани, а доколку сакате да одмарате таму, без никакви третмани ќе мора да платите 800 евра од ноќ.

На нивната официјална веб-страница е наведено дека клиниката се наоѓа во историски алпски замок, но дека сè е адаптирано и модернизирано, претворено во најсовремена установа за лекување, со неверојатен поглед на планините.

Пациентите имаат на располагање библиотека, деловни канцеларии, соби за сликање, но и неодолив спа центар со поглед кој се спушта директно до Женевското езеро, сместено под замокот.

Кога станува збор за храната, клиниката може да се пофали со едни од најдобрите светски готвачи кои им подготвуваат само свежи и органски оброци на своите гости.

Меѓу најголемите експерти на клиниката е Топес Каланд, „ментален гуру“ чиј клиенти се многу руски олигарси и деца на милијардери. 36-годишниот гуру за своите услуги наплаќа по 12.000 евра дневно, а сето тоа е, како што вели, со цел да помогне „да се врати мирот во секое семејство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот