Ирина Шајк - Фото: Инстаграм

ФОТО | Најпровокативното издание досега: Ирина Шајк позираше без долна облека

Руската манекенка Ирина Шајк со нова фотосесија повторно ги „запали“ социјалните мрежи. Таа позираше без долна облека, облечена само во кожна јакна, додека седеше на мотоцикл, што предизвика бројни реакции и коментари од нејзините следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

Фотографиите се дело на познатиот фотограф Стивен Клајн, а Шајк во описот напиша дека со ова издание симболично „влегува во 2026 година“, инспирирана од нивните долги ноќни разговори и неговиот уметнички свет. Освен фотографијата на мотоциклот, таа објави и кадри на кои позира покрај коњ, како и во када.

Ирина Шајк – Фото: Инстаграм
Ирина Шајк – Фото: Инстаграм

Реакциите на јавноста се поделени. Дел од фановите ја пофалија нејзината самодоверба и изглед со коментари дека таа изгледа совршено без разлика што носи, додека други сметаат дека станува збор за нејзините најлоши фотографии досега и отворено го изразија своето незадоволство.

Инаку, Ирина Шајк е ѕвезда на најновото издание на американското списание „В“ (V Magazine), во кое се најде и фотографија на која интимните делови ги покрива со рака, дополнително нагласувајќи го провокативниот концепт на фотосесијата.

Ирина Шајк – Фото: Инстаграм
Ирина Шајк – Фото: Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irina shayk (@irinashayk)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот