ФОТО: Најдобрите македонски кошаркари заминаа за Сарагоса

Македонија ќе ги стартува претквалификациите за ЕП 2025 против Данска/Фото: kfsm.mk

Машката сениорска репрезентација на Македонија изутринава отпатува за Сарагоса, каде во петок (1 јули) ќе му гостува на актуелниот светски шампион, Шпанија во натпреварот од петтото коло во квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

Кошаркарите од меѓународниот аеродром во Скопје тргнаа за Истанбул, од каде следува уште едне авио-трансфер до Мадрид.

По пристигнувањето во шпанската престолнина, следува уште една „преселба“, и тричасовен автобуски превоз до Сарагоса.

За натпреварот против Шпанците нашиот селектор Драган Бајиќ повика вкупно 12 играчи. Составот можете да го погледнете ТУКА

Еден од поискусните играчи во репрезентацијата, Бојан Крстевски вели дека нема да биде лесно против Шпанија и Украина, очекува составот да се прикаже во добро светло, а и добра можност младите да стекнат искуство.

Фото: kfsm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот