ФОТО | „Најдобриот подарок за Св. Валентин“: Марк Ентони го очекува седмото дете со четвртата сопруга

Фото: Инстаграм/Надија Фереира

Порториканскиот пејач Марк Ентони и неговата сопруга Надија Фереира споделија среќна вест на Денот на вљубените – тие го очекуваат нивното прво дете. Имено, ова ќе му биде седмо дете на 54-годишниот музичар, кој досега четирипати стапи во брак.

Славната двојка објави фотографија на која Ентони го гали трудничкиот стомак на Фереира.

„Ова е најдобриот подарок за Св. Валентин досега. Боже, ти благодарам за овој голем благослов во нашите животи“, стои во описот на фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiatferreira)

Ентони ја запроси Фереира во мај минатата година, а првото јавно појавување како двојка го имаа на црвениот тепих за време на доделувањето на латино Греми наградите во октомври 2022 година.

Двојката стапи во брак пред две недели, на 28 јануари, на свечена церемонија во Мајами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nadia Ferreira (@nadiatferreira)

Како потсетување, Марк Ентони веќе има шест деца од претходните врски и бракови.

Тој е татко на 29-годишната ќерка Аријана Муњиз и посвоениот син Чејс Муњиз, кои ги доби за време на врската со поранешната девојка Деби Росадо.

Со првата сопруга Дајанара Торес има две деца – Кристијан Муњиз (22) и Рајан Муњиз (19).

Во 2008 година ги доби близнаците Ема и Макс со поп-ѕвездата Џенифер Лопез. Ентони и Лопез се разведоа во 2011 година.

Потоа музичарот влезе во краток брак со моделот Шенон Де Лима, со која го финализираа разводот во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот