Фото: МВР

ФОТО: На тетовец му изгоре глисер кај автокампот „Елешец“

Утрово во полиција било пријавено дека кај автокампот „Елешец“ изгорел глисер кој бил закотвен во Охридското Езеро, соопшти МВР.

Фото: МВР

„Денеска (10.08.2025) во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција, пријавено е дека во пловен објект глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец на околу 30 метри од брегот, настанал пожар. Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција. Од преземените мерки, констатирано е дека, глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово. Поради предизвикани оштетувања на коритото, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот, оштетени се и два други соседни глисери“, велат од полицијата.

Фото: МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот