ФОТО | На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела: „Нудам награда за оној што ќе го пронајде“
Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што го носеше за време на својот изненадувачки настап на фестивалот Коачела, каде се појави заедно со Сабрина Карпентер.
Препорачано
Пејачката преку Инстаграм откри дека исчезнала целата комбинација од нејзината лична архива и побара помош од јавноста за нејзино пронаоѓање.
„Сè уште сум еуфорична од настапот во петокот навечер на Коачела! Ѝ благодарам на Сабрина и на сите што го овозможија тоа“, напиша таа, но радоста брзо била заменета со загриженост.
„Беше прекрасно да го вратам ‘Confessions II’ таму каде што сè започна. Тој момент на затворање на кругот беше навистина посебен, сè додека не сфатив дека винтиџ парчињата што ги носев исчезнаа – јакна, корсет, фустан и сите други делови од костимот“, додаде таа.

Мадона нагласи дека не станува збор само за облека, туку за дел од нејзината историја. Според неа, исчезнале и други архивски предмети од истиот период.
„Се надевам и се молам дека некоја добра душа ќе ги пронајде овие предмети и ќе се јави кај мојот тим. Нудам награда за нивно безбедно враќање. Ви благодарам од срце“, порача пејачката.

ВИДЕО | Дваесет и една година подоцна, Мадона најави продолжение на својот култен албум


