фото: kfsm.mk

ФОТО: МЗТ Скопје Аеродром го одбрани трофејот во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

По 12 пат во својата клупска историја МЗТ Скопје доаѓа до трофејот во кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Играчите од Аеродром во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го совлада домаќинот Пелистер со резултат 62:60 (13:9, 18:27, 18:16, 13:8).

Во текот на првата четвртина МЗТ воглавно го контролираше резултатот, стартуваше со 8:2, а нешто подоцна и 11:5 и 13:7 на семафорот. Многу подобро во вторите 10 минути одигра битолската екипа која не само што ја анулираше негативата, туку и успеа да поведе (17:16). Подоцна Пелистер стекна и „плус пет“ (30:25), додека на паузата си замина со позитива од 36:31.

фото: kfsm.mk

Ништо не се промени во понатамошниот период, иако во третата делница за момент МЗТ повторно имаше водство од 38:36. Следуваше серија од 10:0 на Пелистер за високи „плус осум“ (46:38). До стартот на последната четвртина МЗТ не му дозволи на својот противник да ја зголеми уште повеќе предноста, па пред стартот на последните 10 минути Пелистер имаше само 52:49.

МЗТ одржуваше резултатска неизвесност, скопскиот тим успеа да израмни на 57:57, па следуваа поени на домашните кошаркари за уште една минимална позитива. Важна тројка за МЗТ реализираше Ворку, а Планиниќ на спротивната страна погоди само едно од двете слободни фрлања.

фото: kfsm.mk

МЗТ не беше успешен во следниот напад, но истото му се случи и на Пелистер кој не реализираше преку Маслинко. МЗТ доби одлична шанса да дојде до победата и тоа го направи на 10 секунди до крајот на мечот благодарение на поените на Ворку. Пелистер можеше слави на овој дуел, но Костоски од тешка позиција не успеа да го најде патот до кошот.

фото: kfsm.mk

Најефикасен во победничките редови беше Робев со 13 поени (шест скокоив), следен од Танасковиќ кој реализираше 12 поени и девет скокови, додека Ворку постигна 11 поени, и воедно запиша шест скокови и четири асистенции.

На спротивната страна Костоски беше прв стрелец со 15 поени, три помалку запиша Магдевски (шест асистенции), додека Најт реализираше 10 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот