ФОТО | Moнца откри плоча на стадионот посветена на Берлускони

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Фудбалскиот клуб Монца откри плоша на стадионот посветена на починатиот поранешен претседател на клубот Силвио Берлускони.

Плочата е поставена на неговото седиште на стадионот и на неа стои еден од најпознатите цитати на Берлускони.

„Кој верува ќе се бори, ќе ги совлада сите препреки, кој верува, ќе победи“.

Берлускони по големиот успех кој го имаше со Милан, Монца ја преземе во 2018 година, клубот во тој момент се натпреваруваше во пониските лиги и беше во стечај. Со доаѓањето на Берлускони работите тргнаа во многу подобра насока и по 19 години пауза во 2022 година се вратија во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот