ФОТО | Модната икона Џенис Дикинсон се здобила сериозни повреди на лицето: Хирурзите велат дека се немоќни да ги коригираат
Легендарната поранешна супермоделка Џенис Дикинсон го повреди лицето по тежок пад за време на снимањето на шоуто „Јас сум позната личност“ во Јужна Африка, пренесува „Сан“. Фотографиите од повредите покажуваат сериозни оштетувања на лицето кои, според лекарите, не можат да се поправат ниту со хируршки, ниту со нехируршки интервенции.
Препорачано
Поради тоа, Дикинсон одлучила да ја тужи британската продукциска куќа „ITV Studios“, обвинувајќи ги дека не ја обезбедиле соодветната безбедност и грижа. Првата официјална тужба ја поднела во септември, а случајот моментално се наоѓа пред Високиот суд.
Инцидентот се случил во 2022 година, кога 70-годишната Дикинсон се сопнала во мрак, откако безбедносното ноќно светло откажало. Таа се здобила со тешки повреди на главата, усните, образите и зглобовите.
Поранешното заштитно лице на модните куќи „Dior“, „Chanel“ и „Versace“ има, како што наведуваат извори, „трајни трауматски лузни на повеќе делови од лицето, вклучувајќи ги усните, двата образа, брадата и долниот дел од лицето“.
„Лицето ѝ е трајно обезличено, а лузните и вдлабнатините не можат да се поправат“, додаваат тие.
Оштетувањето на нервите, според наводите, го прави голтањето храна и течности, како и говорот, болни и речиси невозможни.
„Ова е разорен удар за Џенис, чија кариера зависи од појавување пред камера“, велат блиски извори.
Во септември минатата година, Дикинсон за „Сан“ изјави:
„Тоа беше најстрашната ноќ во мојот живот. Тие ме оставија да крварам во мрак десет минути. Човекот задолжен за нашата безбедност беше немарен. Ме изневерија“.
Janice Dickinson left ‘disfigured’ from I’m A Celeb fall#imacelebrity pic.twitter.com/BgEUVOpMdL
— Seerroo Siro (@SSiro20134) January 15, 2026
Таа објасни дека преку микрофон им рекла на продуцентите дека мора да оди до тоалет во мракот.
„Направив три чекори и се сопнав од клупа, па паднав директно со лицето. Носот и усната ми беа крвави, брадата ми беше расечена, а главата ми отече како топче за голф. Никој не дојде да помогне. Врескав во мракот десет минути, сè додека не се вклучија светлата и другите учесници не дојдоа“, раскажа таа.
Од продукцијата пак реагираа со соопштение:
„Не ја препознаваме оваа верзија на настаните. Сепак, се грижевме за Џенис во тој период, ги покривме медицинските трошоци, ја вративме во Лос Анџелес и тимот на емисијата беше во редовен контакт со неа и нејзините претставници по нејзиното враќање во САД, сè до емитувањето на шоуто седум месеци подоцна“.


