ФОТО | Млада мајка го продава сопственото млеко на бодибилдери: Веќе заработив многу пари!

Мила Дебрито/Тикток/Принтскрин
Мила Дебрито/Тикток/Принтскрин

Мајчиното млеко е познато дека има многу здравствени бенефити и е основна храна за бебињата. Но, се случи еден невообичаен тренд, бизарен во најмала рака.  Една млада мајка направи потег со кој ја размрда цела „Тик Ток“ заедница. Имено, таа го продава своето измолзено млеко на бодибилдери!

По сѐ изгледа бодибилдерите се „полудени“ по измолзено млеко. Мислат дека може да им помогне за побрзо и поефикасно обликување на мускулната маса. Британката Мила Де’брито заработи богатство токму преку овој чуден „бизнис“. Дали навистина помага млекото за подобри резултати на тренинзите?

„Сфатив дека во себе имам течно злато“ – изјави Британката Мила Де’брито. Нејзиното видео во кое објавува како го продава своето свежо измолзено млеко, го прегледаа преку 200 илјади луѓе на платформата „Тик Ток“

@debrito_bunch #liquidgold ♬ original sound – rico

Бодибилдерите се „луди“ по ова млеко

Мила тврди дека од продажбата на млеко, откако го родила првото дете, заработила 12 илјади евра! Бодибилдерите посебно го бараат млекото за изградба на мускулното ткиво и сметаат дека преку конзумирање на мајчино млеко ќе имаат побрзи резултати.

Фактите за мајчиното млеко се следниве: Една мала чаша млеко содржи 170 калории, од кои 10 грама се маснотија, 16 грама јаглехидрати, два грама протеини и бројни витамини и минерали. Но, ова секако е приоритет за бебињата, а не за бодибилдерите.

„Интересно. Баш ме мачеше идејата како ќе го издржам финанскискиот товар откако ќе дојде бебето на свет“, „Ха! Јас пак, донирав 15 литри… Колку можев да заработам…“, „Чекај, ти тоа го продаваш? Па, јас имам литри во фрижидер“ – се само некои од коментарите на мајките.

Може ли измолзеното млеко да „набилда“ мускули?

Неодамна, во текст на Men’s Health, нутриционистот Брајан Сент Пјер зборуваше за феноменот на мајчино млеко и бодибилдингот.

„Целата идеја лежи врз тоа дека мајчиното млеко има исклучително нутриционистичка вредност. Тоа е направено по мерка на бебето, да поттикне брз раст, па луѓето мислат дека ќе има сличен ефект и на возрасните. Не сум баш сигурен во тоа“ – изјави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот