Монолит во Невада / Фото Фејсбук

ФОТО: Мистериозен монолит се појави во пустината Невада

Во текот на викендот, мистериозен монолит се појави во пустината Невада, што поттикна шпекулации за тоа што би можело да биде и кој е одговорен за неговото поставување. Структурата била забележана од полицијата во Лас Вегас за време на мисија за пребарување и спасување северно од долината Лас Вегас.

„Гледаме многу чудни работи, но погледнете го ова! Како се појави таму?“ соопшти полицијата на социјалните мрежи.

Висока, правоаголна, рефлектирачка структура е забележана во близина на Гас Пик, област за пешачење во пустината Невада, пишува Би-Би-Си.

Монолитот наликува на други слични мистериозни објекти кои се појавија низ светот во 2020 година. Исто така, има сличности со оној од култниот научно-фантастичен филм 2001: Одисеја во вселената, во режија на Стенли Кјубрик.

Пред околу четири години, слични предмети се појавија на различни места, вклучително и еден во американската пустина Јута. Во ноември 2020 година, тој беше забележан од пилот на хеликоптер. Отприлика во исто време, еден бил пронајден во Романија, како и еден во Калифорнија и на островот Вајт во Англија.

Уште еден монолит се појави на врвот на еден рид во Велс во март. Очевидци велат дека скулптурата изгледал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот