ФОТО | Мисиците што се борат за мир во светот, предизвикаа немир: Србинката и Албанката „под оган“

Нов скандал ја тресе Србија, а за се се виновни една мисица и двоглав орел.

Имено, српската мисица Валентина Петровиќ се фотографираше со Мис Албанија и Мис Црна Гора за време на натпреварот за Мис, а се би било сосема вообичаено доколку девојките не се фотографирале на начин на кој се гледа знакот на двоглавиот орел, кој е симбол на таканаречената „Голема Албанија“.

Фотографијата веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а Србинката стана мета на критики и осуди.

Откако станала свесна што направила, српската мис веднаш се огласила на својот инстаграм-профил.

„Сакам јавно да се огласам по повод фотографијата која кружи на социјалните мрежи! Во наплив на еуфорија поради забавата, ме поканија да се фотографирам, па со голема брзина застанав до девојките, а девојките со еуфорична брзина ми ги наместија рацете и ми покажаа како да застанаме. Немав никакви лоши намери, тоа беше момент на непромисленост и глупава спонтаност“, објави, меѓу другото, спрската мисица.

Инаку, истата ноќ кога мисиците позирале покажувајќи двоглав орел, позирале и со кренати три прста.

Имено, албанската претставничка Фронтина Гаши во дружењето со српската мисица покажала три прста на фотографијата, што албанските медиуми го осудиле и нарекле „скандал“. 

Valentina Petrović

Valentina Petrović

Фото: Инстаграм

Мисиците се наоѓаат во Шарм ел Шеик, Египет, каде што се одржува изборот за Мис Интерконтинентал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valentina Petrović (@valeryview)

Видео на денот