ФОТО| Мета: Бескрајно благодарен на срдечниот дочек на владиката Партениј и бигорското братство

Бескрајна благодарност до владиката Партениј и бигорското братство за топлиот и срдечен дочек, напиша албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук по вчерашната посета на Бигорскиот манастир.

-Импресивна посета на манастирот „Свети Јован Крстител”, Бигорски манастир, кој годинава слави еден милениум од своето постоење. Ова е извонредно значаен божји храм и важен центар на православната вера, што секојдневно го посетуваат стотици верници, напиша Мета.

Посочува дека за него било огромно задоволство да разговара со владиката Партениј.

-Задоволство ми беше да разговарам со владиката Партениј, особено за улогата што верските водачи треба да ја играат во негувањето на мирот, соживот и соработка меѓу граѓаните, без оглед на етничката припадност и религијата, особено во нашиот регион, кој страдаше толку многу од поттикнување дух на омраза, напиша Мета постирајќи повеќе фотографии.

Не го крие ни чувството на задоволство што при посетата на Бигорскиот манастир бил придружуван и од дебарскиот муфтија, што е заедничка порака да се зачува верската хармонија.

-Среќен сум што при оваа посета бев придружуван од дебарскиот муфтија, Решат Качалнику, за да сите заедно дадеме пораката за неопходноста од меѓурелигиска хармонија за доброто на народите и социјалниот напредок, напиша Мета.

Шефот на албанската држава за време на посетата на Бигорски се запиша и во книгата на спомени.

-За мене денес беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир, напиша Мета.

На објавата на Фејсбук тој постира и повеќе фотографии од посетата на Бигорски манастир.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот