ФОТО | Мелита го украси својот дом, но и милениците: Вистинска бајка за очи!

Мелита Ракичевиќ/Дома
Мелита Ракичевиќ/Instagram

Во домот на нашата позната водителка Мелита, блеска новогодишната атмосфера во полн сјај.

Таа последниов период споделува фотографии на својот инстаграм-профил во кои ни прави вистинска визуелна прошетка низ амбиентот во нејзиниот дом. Божиќни украси, Дедо Мразовци и ирваси, икебани со новогодишни симболи и сјајна елка се само дел од целосниот изглед во домашната атмосфера.

Освен декорациите, главно место во нејзиниот дом заземаат и домашните миленици. Мелита своевремено беше водителка на едно од најпознатите шоуа за миленици, единствено од тој тип кај нас „Пет шоу“ и грижата за миленичињата се нешто по кое е препознатлива. Со своите кучиња, таа вели дека е „dream team”

Таа сподели фотографија на својот инстаграм-профил од нејзините миленици, Пом Пом и Мелоди кои исто така се облечени во свечено издание, прилагодено за кучиња:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот