Илон Маск/ Сидни Свини - Фото: EPA//Profimedia

ФОТО | Маск повторно ги коментираше градите на Сидни Свини: Луѓето бесни – „Треба да те исфрлат од Икс“

Сопственикот на платформата Икс, Илон Маск, повторно беше критикуван од јавноста поради непријатните коментари за изгледот на актерката Сидни Свини. Неговата објава брзо стана вирална и предизвика лавина негативни реакции од корисниците, кои ја нарекоа целосно непотребна.

Непријатните коментари на Маск

По објавувањето на видео со Свини на црвениот тепих од страна на „Верајети“ на 16 декември, Маск сподели коментар кој предизвика бурни реакции. Наместо да ја пофали нејзината облека, Маск објави порака со слика која гласеше „what it looks like“ (како изгледа), а на другата половина „how it feels“ (како се чувствува). Коментарот го заврши со кратка порака: „can’t be easy“ (не може да биде лесно).

Инаку, ова е фотографија на актерката од премиерата на 35-то доделување на „GLAAD Media Awards“, што се одржа во март минатата година.

Бесрамните коментари на директорот на Икс брзо предизвикаа осуди од корисниците. Еден корисник порача:

„Брате, мора да те исфрлат од сопствената платформа, ова е лудо.“

Друг се осврна на големата разлика во години:

„Таа е 30 години помлада од тебе. Чудно.“

Некои се потсетија и на слична непријатна објава што Маск ја упати кон пејачката Тејлор Свифт во септември 2024.

„Помеѓу објавата за Тејлор Свифт и Сидни Свиуни, не знам кој твит на Илон Маск е попатетичен“, напиша еден корисник.

Непримерно или смешно? Коментарот на Илон Маск за градите на Сидни Свини ги шокираше сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот