Мараја Кери / Фото; EPA/PETER KNEFFEL / POOL

ФОТО | Мараја Кери носеше накит со дијаманти од 306 карати вреден 15 милиони долари на отворањето на Олимписките игри

На свеченото отворањето на Зимските олимписки игри 2026 на стадионот Сан Сиро во Милано, музичката легенда Мараја Кери ја остави публиката без здив, не само со својот вокален настап, туку и со своите исклучително гламурозен моднен избор.

Музичката дива Мараја Кери настапи во раскошен бел фустан и наметка од пердуви со потпис на Роберто Кавали.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Penny Mor (@pennymor6)


Но најголемо внимание привлече нејзината колекција накит – дури 306 карати дијаманти, чија вредност се проценува на околу 15 милиони долари.

За спектаклот што се одржа на стадионот Сан Сиро, добитничката на Греми, носеше накит од LEVUMA High Jewelry, кој во соопштение за јавноста објави дека нејзиот ѓердан, белегзија и обетки се изработени од вистински дијаманти смарагдно сечени вметнати во платина. Сите три парчиња вкупно имаат 306 карати, пишува магазинот „Пипл“.

Реконструирани за настапот на Кери, сите парчиња, за што биле потребни „стотици часа“ работа, содржеле свој прекрасен дијамант – или во некои случаи, дијаманти.

Самиот ѓердан содржел еден голем централен камен опкружен со помали дијаманти. Обетките имале по четири, а белегзијата била составена од повеќе од 12. Секој дијамант бил избран од основачот и креативниот директор на LEVUMA, Али Халил.

 

Кери ја воодушеви публиката со изведба на легендарната италијанска песна „Volare“, како и со својата песна „Nothing Is Impossible“, која се наоѓа на нејзиниот последен албум. Организаторите на Зимските олимписки игри нагласија дека со својот настап, Кери совршено ја долови „емоционалната и хармонична атмосфера што го следи духот на играчите и дека нејзината музика е универзален јазик што ги поврзува луѓето од целиот свет“.

Нејзиниот настап дополнително го крена статусот на овогодинешната церемонија на отворањето, која ги собра музиката, модата и спортот во Милано пред милиони гледачи од целиот свет.

ФОТО+ВИДЕО | Како ледена кралица: Мараја Кери на отворањето на Зимските олимписки игри запеа на италијански јазик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот