ФОТО: Македонските репрезентативци тренираа на „Јохан Кројф“ Арената

Фото: ФФМ

Во понеделник од 18.00 часот нашите најдобри фудбалери во Амстердам ќе го одиграат третиот и последен натпревар од групата „Ц“ на Европското првенство против Холандија.

Македонската А репрезентација ги загуби шансите за пласман во осминафиналето, но против Холанѓаните избраниците на селекторот Игор Ангеловски ветуваат максимална борба до поволен резултат.

Овој меч ќе биде посебен и за најискусниот во составот Горан Пандев кој на денешната прес конференција најави дека дуелот со „лалињата“ ќе му биде последен во својата репрезентативна кариера.

Последен може да биде и за селекторот Ангеловски кој по завршувањето на ЕП му истекува договорот со ФФМ.

Популарните „рисови“ ја почувствуваа и тренираа на „Јохан Кројф“ Арената каде што се надеваме на подобро издание и зошто да не направиме изнедување против едни од фаворитите за највисок пласман на овој шампионат.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот