ФОТО: Македонските фудбалери го имаа официјалниот тренинг на „Ренцо Барбера“ во Палермо

Македонија за првпат ќе игра во бараж за Светско првенство/Фото: ФФМ

Македонската А репрезентација се подготвува за утрешниот полуфинален плеј-оф натпревар на гости против Италија во рамките од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски е свесен за тешката задача што ќе ја има во Палермо, но им порача на неговите фудбалери да уживаат во дуелот со актуелниот европски шампион.

Македонските репрезентативци го имаа официјалниот тренинг, го почувствуваа теренот на стадионот „Ренцо Барбера“ каде што ќе се игра мечот в четврток со почеток од 20.45 часот.

Победникот од овој дуел во финалето на 29 март ќе игра против Португалија или Турција.

Потсетување дека за дуелот со Италија, Милевски повика вкупно 27 фудбалери: Димитриевски, Шишковски, Наумовски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Ристевски, Алиоски, Тодоровски, Ашковски, Серафимов, Адеми, Барди, Спировски, Атанасов, Ракип, Николов, Да. Бабунски, М. Ристовски, Миовски, Чурлинов, Трајковски, Етеми, До. Бабунски. Елмас и Костадинов поради жолти картони немаат право на настап, но ќе може да играат во евентуалното финале. Јаховиќ е повреден и на негово место дојде Даци.

Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ
Фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот