Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски/Фото: Игор Паневски

Милевски: Ќе им кажам на моите играчи да излезат на теренот и да уживаат

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски вели дека неговата селекција не е сè уште на нивото на Италија, но има причина да верува дека може да победи во овој полуфинлен плеј-оф натпревар од баражот за пласман на Мундијалот во Катар в четврток во Палермо.

Победникот од овој меч на 29 март на гостински терен ќе игра против Португалија или Турција. Македонија и Италија досега двапати се сретнале во официјални натпревари, повеќе прочитајте ТУКА

Милевски ја презеде функцијата во август 2021 година, по трите порази на Евро 2020, а досега со сениорите забележа три победи, три нерешени и само еден пораз, 0:4 дома од Германија во октомври 2021 година.

Елиф Елмас поради жолти картони е суспендиран, но играчот од средниот ред на Наполи наводно им дава совети на Милевски и соиграчите како да се подготват за „аѕурите“.

– Подготвени сме, не сме тука случајно и очекуваме да прикажеме одличен настап. Сè уште не сме на нивото на Италија, но ќе направиме сè што можеме утре за да бидеме подобри. Ќе им кажам на моите играчи да излезат на теренот и да уживаат. Атмосферата е одлична, ќе го дадеме максимумот да направиме позитивен резултат – рече Милевски на прес конференцијата.

Во овој меч веројатно повеќе од сите останати ќе ужива Александар Трајковски, кој играше за Палермо од 2015 до 2019 година.

– Тој ќе се чувствува многу како дома овде. Не го повикав Илија Несторовски од Удинезе бидејќи не е во најдобра физичка форма – вели Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот