ФОТО: „Македонија е Бугарија“, транспаренти среде седницата на бугарскиот парламент

Пратениците од пратеничката група „Преродба“ како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнаа транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побара да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.

Транспаренти во галеријата на Народното собрание/Фото: Скриншот

Овие транспаренти испечатени на листови беа декор на говорот на претседателот на Преродба Костадин Костадинов кој од собраниската говорница го искритикува меѓудругото и предлогот на Макрон и француската политика на Балканот:

Атанасов кој ја водеше седницата се закани дека ќе ги избрка посетителите во Собранието/Фото: Скриншот

-Целта на Макрон не е да го реши бугарското национално прашање и проблемите туку да си ги реши неговите внатрешни проблеми зошто на националните избори загуби истовремено и од левицата и од десницата и бидејќи завршува француското претседателство треба да заврши со некаков надворешнополитички медал, да покаже победа. Тоа е како на времето Австроунгарија што се фалела со победите на Балканскиот полуостров каде единствено можела да победи. Па Франција како една опаѓачка голема сила очигледно нема со што да се пофали освен да каже дека успеала да ја замолчи Бугарија, рече Костадинов.

Тој распали и по Србија дека тамошните разузнавачки служби преку Макеоднија работат против Бугарија, но и по Албанија, посебно навреден од албанскиот премиер Еди Рама кој вчера со ироничен тон и навреди се обрати кон нивната земја.

ГЕРБ, ДПС, ПП и ДБ се национални предавници/Фото: Скриншот

-Се обидоа партиите ГЕРБ, ДПС, Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија да направат зделка со Македонија. Со Македонија зделка не можеме да правиме. Кога и да сме се обиделе да направиме зделка со нив сме завршувале со национална катастрофа. Секогаш било така. Правата национална катастрофа е што тргнавме да ја делиме Македонија со Србија, ама да не ви држам историски час. Макрон сакаше да направи реформа во ЕУ за да се прескокне бугарското вето за Македонија, рече Костадинов пред пратениците кои истакнаа транспаренти дека ГЕРБ, ДПС, ПП и ДБ се национални предавници.

 

На крајот од својот говор пред пратениците Костадинов истакна:

-Македонија е Бугарија, Бугарија е Македонија. Македонија е Тракија. Македонија е Добруџа и ние никогаш нема да дозволиме бугарскиот национален интерес да биде предаден, зошто две национални катастрофи истрпевме заради тоа што нашата бугарска власт ја даде и предаде Македонија и сега стигаме до трета национална катастрофа, дециден е Костадинов чија партија Преродба денеска нема да гласа за резолуцијата за Северна Македонија во бугарското собрание.

Пратеничката група на Преродба излезе со транспаренти „Македонија е Бугарија“/Фото: Скриншот

Во Народното собрание на Бугарија продолжува дебатата по предлог-одлуката за Северна Македонија и Албанија за преговарачка рамка со ЕУ.

Демократска Бугарија за време на дебатите посочи дека најсилното средство за притисок е преговарачкиот процес. Според копретседателот на формацијата ДБ Христо Иванов, доколку францускиот предлог е неприфатлив за Северна Македонија, тогаш тој го штити бугарскиот интерес.

„Бугарија не го укина ветото, Бугарија го зајакнува ветото. Ако Северна Македонија не ги исполни обврските кон ЕУ, ветото ќе биде со силата на целото европско семејство. Ако не го сменат уставот, нема да видат преговори. Политичкиот прозорец ќе се затвори за неколку дена“, предупреди Христо Иванов, претседател на  „Демократска Бугарија“.

Според локалните медиуми во Софија, во Народното собрание на Бугарија е формирана ситуациона коалиција за прашањето со Северна Македонија, која има 174 гласа.

Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент синоќа го усвои предлогот од претседателот на Демократска Бугарија, Христо Иванов, во врска со Република Северна Македонија. Комисијата ги отфрли другите два предлога, поднесени од ГЕРБ-СДС и од ДПС.

Османи: Резолуцијата на бугарскиот Парламент долгорочно ќе го блокира европскиот процес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот