ФОТО | Мадона ги „подгреа“ гласините дека верила со 38 години помладиот Морис, покажувајќи го големиот дијамантски прстен
Шеесет и шест годишната Мадона, на својот Инстаграм профил објави серија фотографии на кои се забавува со своето друштво и 28-годишниот партнер Акима Морис . Она што многумина го забележаа на фотографиите прстенот на нејзината рака.
Препорачано
Имено, на една од фотографиите Мадона и Аким шетаат низ ходникот, а пејачката го покажува големиот дијамантски прстен кон фотографот. Ова фотографија ги „подгреа“ сомнежите дека Морис најверојатно ја побарал раката на Мадона.
View this post on Instagram
Во натписот на фотографијата, Мадона откри дека била на изложбата Луј Бурж во Токио на новогодишната ноќ. Потоа на сите им ја честиташе Новата година.
„Еве за повеќе љубов, среќни деца, за волшебно размислување, добро здравје и вечни благослови. Им благодарам и ги славам сите што се храбри во овој живот. Во 2025 година, наздравувам за сите оние кои имаат храброст да бидат автентични“, напиша таа.
Иако неодамна јавноста шпекулираше дека врската меѓу неа и 28-годишниот Аким е завршена, поради неговото наводно неверство, сепак, на крајот на декември пејачката ги демантираше овие гласини објавувајќи видео со серија фотографии на кои позира со него и нејзините ќерки.


