ФОТО | Љубовта им цвета: Џенифер Анистон и нејзиниот нов дечко за првпат заедно на јавен настан
Џенифер Анистон и нејзиниот нов дечко Џим Кертис избраа гламурозна вечер посветена на Анистон за нивното прво заедничко јавно појавување. Двојката пристигна на настанот „Жени во Холивуд“ на „Ел“ во Беверли Хилс, каде што актерката прими една од наградите за оваа година, пренесува „Пипл“.
Препорачано
За посебната пригода, актерката носеше блескав црн фустан со врвки од Ралф Лорен. Кертис (50) исто така се одлучи за класична комбинација – црно одело и вратоврска со светло сина кошула.
Иако Анистон прошета сама по црвениот тепих, Кертис ѝ се придружи на настанот. Двојката позираше за фотографии заедно со продуцентите Кристин Хан и Аманда Анка и колешката на Анистон и долгогодишна пријателка Андреа Бендевалд. Тие беа видени и како седат еден до друг за време на церемонијата.

Подоцна во вечерните часови, долгогодишниот пријател и соработник на Анистон, Адам Сандлер, ја претстави на публиката со топли зборови – и му се обрати особено на Кертис.
„Кога сме околу тебе, јас и мојата сопруга Џеки сме толку среќни што ти и Џим се пронајдовте еден со друг и што ја имате љубовта што ја заслужувате. Те сакаме, Џим. Целиот свет те сака, Џек, рекол 59-годишниот Сандлер.
Анистон и Кертис станаа многу поотворени со јавноста во последните недели. Порано овој месец, двојката ја потврди својата врска на Инстаграм, кога Анистон објави честитка за роденден на својот партнер.
„Среќен роденден, љубов“, напиша таа покрај црно-бела фотографија на која го прегрнува Кертис одзади, додавајќи: „Скапоцено.“
Тој одговори со своја објава: „Ако ова е сон, не сакам да се разбудам.“
„Животот не запира на 42 години“: Партнерот на Џенифер Анистон прозборе за љубовта


