„Животот не запира на 42 години“: Партнерот на Џенифер Анистон прозборе за љубовта
Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон повторно е во центарот на вниманието овие денови и тоа поради нејзиниот љубовен живот. Нејзината врска со Џим Кертис, хипнотизер и „љубовен гуру“, предизвика голем интерес кај јавноста, а Кертис сега проговори и за љубовта.
Препорачано
Џенифер Анистон претходно беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005 година и со Џастин Теру од 2011 до 2017 година. Гласините за врската со Џим Кертис започнаа откако беа видени заедно на одмор на Мајорка на почетокот на јули.
Нивната врска неодамна доби јавна потврда кога Кертис ја поддржа Анистон на премиерата на третата сезона од нејзиното „Утринското шоу“ (The Morning Show).
Оваа недела, Кертис учествуваше во Q&A сесија и одговори на прашањето на еден обожавател: „Како да пронајдеш љубов на 42 години?“. Одговорот на Кертис беше искрен и охрабрувачки:
„Тоа е одлично прашање. Исто е како на 22 или 32 години, но со поголема самодоверба, повеќе искуство и поголема автентичност. Не си стар. Прво сакај се себеси и препознај дека си на совршена возраст. Животот не запира на 42 години. Кога ќе имаш 62 или 72 години, ќе се осврнеш на твоите 42 години и ќе посакаш повторно да си бил на тие години. Затоа, почни сега. Излези, отвори се за љубовта. Воспостави контакт со очите и насмевни се. Поврзи се со луѓето и, најважно од сè – сакај се себеси. Кога се сакаш себеси, ќе привлечеш повеќе љубов.“
На премиерата на третата сезона на „Утринско шоу“, Кертис беше со Анистон, но се држеше подалеку од камерите. Видео снимките ја покажаа актерката како излегува од џипот, запирајќи за фотографите да направат неколку фотографии, додека Кертис остана во возилото сè додека Анистон не се изгуби целосно од вид. Подоцна, тој ја гледаше Анистон на црвениот тепих од далечина, со насмевка на лицето.


