ФОТО | Љубовниот дневник на Амбер Херд и Џони Деп претставен пред судот: Жал ми е што те повредив

џони деп
Поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Продолжува судењето кое се одвива пред очите на светската јавност. На суд вчера беа откриени записи од „љубовниот дневник“ на Амбер Херд и Џони Деп.

Деп ја тужи својата поранешна сопруга Херд за клевета и бара 50 милиони долари за наводите за злоставување што ги објавила во напис на „The Washington Post“ во 2018 година, иако не го навела името на актерот.

амбер херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI /

Пред судот беа покажани љубовни пораки кои Херд му ги пишувала на поранешниот сопруг во нивниот заеднички љубовен дневник, во кои си пишувале.

„Вистинската љубов не е само лудоста на страста или изборот на мир. Тоа е да ги имаш и двете. Во тебе видов вистинско пријателство и почит, но сè уште сакам повеќе од кога било да те искинам, изедам и да уживам во вкусот“, стои во записот во дневникот што го напишала Херд на 22 мај 2015 година.

амбер херд
Доказен материјал, дел од љубовниот дневник на поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI

„Едвај чекав да ти кажам колку те обожавам. Не можев да замислам поубав меден месец“, напишала актерката во белешката од 1 август 2015 година.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI /

На 17 август 2015 година, пак, Амбер напишала: „Жал ми е што толку силно го треснав воланот. По ѓаволите, те сакам Џони, засекогаш сум врзана за тебе“.

амбер херд
Дел од љубовниот дневник на поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI /

„Дозволи ми да се обидам да го поправам ова. Ти го заслужуваш тоа. Ми требаш… Ти си мојот камен-темелник, моето срце, моето сè. Мразам кога се караме. Те сакам повеќе од сè. Ми требаш, те сакам“, напишала меѓу другото Амбер.

амбер херд
Поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI /

Во белешката од 8 април 2016 година, Херд напишала: „Жал ми е што можам да полудам. Жал ми е што те повредив. И јас можам да станам злобна кога сум повредена, исто како и ти“.

амбер херд
Дел од љубовниот дневник на поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE/BRENDAN SMIALOWSKI /

Херд пред судот изјави дека „дневникот бил повеќе љубовна тетратка и дел од комуникацијата“.

„За мене беше важно да се обидам да негувам што е можно повеќе мир“, заклучи таа.

Повеќе написи на темата:

 

Амбер Херд лажела дека парите од разводот ги донирала во детска болница

 

Верувајте им на сите жени, освен на Амбер Херд! Познатиот актер згрозен од поранешната на Џони Деп

 

Џони Деп или Амбер Херд: На чија страна се познатите личности

 

ФОТО+ВИДЕО | Херд се „скрши“: Џони Деп ме силуваше со шише и ги извалка ѕидовите со крв

 

ВИДЕО | Твитерџиите ја „сотреа“: Амбер нема свои зборови, користи филмски реплики на сведочењето

 

ФОТО | Амбер Херд на суд покажа вознемирувачки фотографии од Џони Деп, пијан и дрогиран

 

ВИДЕО | Медицинска сестра тврди: Амбер Херд се дрогираше додека беше во брак со Џони Деп

 

Очајнички обид за спас! Амбер Херд го отпушти ПР-тимот, но бројот на потписи на петицијата против неа вртоглаво расте

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот