Џони Деп или Амбер Херд: На чија страна се познатите личности

Амбер Херд и Џони Деп
Фото: EPA

Повеќето познати личности молчат кога станува збор за парницата меѓу Џони Деп и Амбер Херд, но неколку избраа страни. 58-годишниот Деп ја тужи 36-годишната Херд поради авторски текст во „Вашингтон пост“ од 2018 година што таа го напишала, во кој се нарекува себеси жртва на сексуално и семејно насилство.

Кој го поддржува Џони Деп:

Крис Рок

Фото: EPA-EFE/PAUL BERGEN

Рок ја покажа својата поддршка за Деп на едно од неговите стенд-ап шоуа. Излезе на сцената за време на неговата светска турнеја „Ego Death“ во Обединетото Кралство на 12 мај и, наводно, зборувал за наводите на Деп дека Херд оставила измет на неговиот кревет. Според „LADBible“, Крис Рок ѝ рекол на толпата: „Верувајте им на сите жени, верувајте им на сите жени… освен Амбер Херд“. Херд негираше дека вршела нужда на креветот на нејзиниот поранешен сопруг.

Ајрланд Болдвин

Инстаграм

Ајрланд Болдвин ја покажа својата поддршка на социјалните мрежи. Ја нарече Херд „ужасна личност“ на инстаграм-стори сред судењето. „Работата е во тоа што јас познавам жени кои се баш такви“, рече најстарото дете на Алек Болдвин кон крајот на април. „Тие се манипулативни и ладни и ја користат својата женственост за да глумат жртва и да го свртат светот против мажот затоа што живееме во општество каде што е кул да се каже дека мажите се најлоши и бла бла“.

Џо Роган

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe Rogan (@joerogan)

Роган ја покажа својата поддршка на сопствената платформа за подкаст. Џо Роган ја осуди Херд на неговиот популарен подкаст „The Joe Rogan Experience“, велејќи дека таа е „луда дама“ и дека нејзините наводи „не се точни“. „Го гледам ова судење и, на пример, тоа е предупредувачка приказна за верување во глупости, формирање наратив во вашата глава како „Ние сме бунтовници заедно“, им рече тој на своите милиони слушатели.

Бил Бур

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Burr (@wilfredburr)

Бур рече дека е самопрогласен суперфан на Деп. На почетокот на мај призна дека не мора да го гледа судењето на Деп-Херд затоа што е „преголем фан на Џони Деп“ за да го гледа, но рече дека мисли дека луѓето треба да му се извинат доколку Херд загуби. „Од она што го видов, типот победува. И она што е одлично, е дали ако тој навистина ја разоткрие оваа жена за лажење, се прашувам, сите тие луѓе кои ги прифатија нејзините лаги, дали некако ќе му се извинат“.

Џенифер Анистон

џенифер анистон
Џенифер Анистон / Фото: Профимедиа

Анистон сè уште не дала вистинска изјава за Деп или Херд во врска со судењето. Поддршката на Анистон за Деп беше посуптилна од другите, на социјалните мрежи тивко застана на негова страна. Ѕвездата на „Пријатели“ (53) почнала да го следи Деп на „Инстаграм“ откако судењето веќе започнало, а тој наводно, неодамна го возвратил гестот.

Кој ја поддржува Амбер Херд:

Хауард Стерн

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Howard Stern (@howard__stern)

Се чини дека Стерн застана на страната на Херд во неговото радио шоу. Не толку многу славни личности излегоа во одбрана на Херд, но Хауард Стерн не се воздржа да го критикува Деп за неговото „предлумување“ на судењето. Легендарниот радио водител рече во својата емисија кон крајот на април: „Причината поради која тој сакаше да се емитува на телевизија, е бидејќи тоа го прават нарцисите. Мислам дека Џони Деп е огромен нарцис кој си рекол: „Ќе го има ова на телевизија, затоа што сум убедлив и паметен, јас сум толку прекрасен човек. .’“

Елен Баркин

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen Barkin (@ellen_barkin2004)

Елен Баркин треба да ја покаже својата поддршка за Херд онаму каде што е најважно – на суд. Актерката ќе сведочи во име на Херд бидејќи претходно тврдеше дека Деп ја навредувал кога се забавувале. Баркин, исто така, даде изјава на судењето на Деп против „The Sun“ во 2020 година, тврдејќи дека актерот еднаш фрлил шише вино во хотелска соба кога бил љубоморен и лут. Баркин и Деп накратко се забавуваа во 1994 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот