ФОТО | „Љубов на прв поглед. Среќен роденден најубав мој“: Повод за славење во домот на доктор Горан

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделува со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како доктор Горан ужива во секој слободен ден кој го користи за да помине квалитетно време со своето семејство, а секој интересен момент го споделува со своите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)


Доктор Горан кој во реалниот живот покрај на „Инстаграм“ дава совети и спасува животи веќе 5 години како специјализант по Интерна медицина во Баварија, оваа недела имаше прекрасен повод за славење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)


Синот на доктор Трајковски, преслаткиот Себастијан го прослави својот втор роденден. Докторот сподели неодоливи фотографии и видео на кои малечкиот Себастијан, или Басти како што нагалено го нарекуваат неговите родители се обидува да ја дувне свеќичката на роденденската торта.

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

Упорноста се исплатеше, а притоа веруваме дека сите посакани детски желби ќе му се исполнат. Иако е малечок, секој има желби, а на таа возраст се најискрени.

Фото: Принтскрин – Инстаграм
Фото: Принтскрин – Инстаграм

По повод роденденот на својот син Доктор Горан сподели прекрасни фотографии на својот инстаграм – профил или накратко кажано најубавите две години во неговиот живот.

„Љубов на прв поглед. 19.02.2020 и 19.02.2022. Среќен роденден најубав мој“ – стои во описот на објавата на докторот.

ФОТО+ВИДЕО | Од скопскиот асфалт до Ургентниот во Нирнберг: Популарниот д-р Горан искрено за сите лични и професионални предизвици

ВИДЕО | Доктор Горан предизвика бура на Инстаграм за сагата со Новак Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот