ФОТО | Лила Филиповска со нова приказна од Америка: „Ја живеам слободата!“
Лила Филиповска повторно се огласи на Инстаграм, споделувајќи уште еден впечатлив момент од нејзиниот престој во Америка.
Препорачано
„Не позирам пред ‘Слободата’… ја живеам“, напиша водителката покрај фотографијата направена пред Статуата на слободата, на која позира заедно со водителот Дамјан Дренковски и неговата сопруга Александра, кај кои престојува.
Во објавата, Лила се осврна и на значењето на овој светски симбол. Таа потсети дека „Статуата на слободата“ во Њујорк е подигната во 1886 година како подарок од Франција и претставува жена со факел – симбол на слободата. Со висина од околу 93 метри и круна со седум зраци што ги претставуваат континентите, денес таа е препознатлив знак на надеж и нов почеток. Лила откри дека сакале да се искачат до круната, но билетите биле распродадени до септември, па стигнале до третиот кат, што сепак било посебно искуство.

Во друга објава, водителката преку две фотографии го прикажа контрастот на сопствениот живот.
Едната ја прикажува во гламурозно издание – опкружена со камери, блицови и обожаватели, додека позира со чаша вино.
Другата, пак, носи поинаква слика – Лила е фотографирана одзади додека турка количка во супермаркет, облечена во светкав фустан и високи потпетици, симболично покажувајќи ја секојдневната страна на животот.
Последниве денови таа активно ги споделува своите прошетки низ Њујорк и околината, при што секој детаљ го надополнува со лична и интересна приказна.
ФОТО | Лила сподели нови детали од борбата со ракот: „Никогаш не верував…“


