Лидерска средба / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ФОТО: Лидерите на партиите седнаа на иста маса

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба иницирана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што беше најавено, на средбата присуствуваат лидерите на опозициските партии Левица и ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети, како и коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ – Билал Касами од Вреди и Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Лидерска средба / Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Лидерска средба / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Остана празно столчето на опозициската СДСМ. Лидерот на партијата одби да присуствува на средбата, нагласувајќи дека техничката влада мора да остане.

Од партијата непосредно пред почетокот на лидерската средба, им порачаа на сите кои присуствуваат на средбата дека се соучесници во легитимирањето на криминалот и корупцијата на власта, како и на изолацијата на земјата.

 

Лидерска средба без Филипче за укинување на техничката влада – Слободен печат

На дневен ред се неколку клучни прашања: Укинување на техничката влада, реформски закони во правосудството, измени во Изборниот законик, избор на нов народен правобранител.

Сите што ќе одат на лидерската со Мицкоски го легитимираат криминалот на власта, порачаа од СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот