ФОТО | Лејди Гага во елегантно издание на БАФТА: Холивудската дива ги засени сите

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE

На синоќешното доделување на наградите БАФТА, Лејди Гага ја донесе елеганцијата и гламурот на Холивуд од 1940-тите и прошета во Лондон во смарагдно зелен фустан.

Гага, која беше номинирана за најдобра главна женска улога за улогата на Патриција Реџиани во драмата на Ридли Скот „House of Gucci“, ги засени сите на црвениот тепих со рачно изработениот, смарагдно зелен фустан од колекцијата на Ралф Лорен.

ГАЛЕРИЈА | Доделени филмските награди BAFTA: „The Power of Dog“ е најдобар филм на годината

Рачна изработка за која биле потребни повеќе од 150 часа

Пејачката, кантавторка и филмска ѕвезда добитничка на Греми потсеќаше на нејзините претходни изданија. Овојпат Гага ултра елегантниот фустан со длабоко деколте го надополни со минимална фризура и шминка.

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Носеше накит на „Tiffany & Co.“, вклучувајќи ѓердан со дијаманти и смарагд, како и пар соодветни обетки, нараквица и прстен од колекцијата „Tiffany Blue Book 2022“.

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Оваа сезона пејачката и актерка неколку пати беше номинирана за нејзината работа на филмот „House of Gucci“, меѓу кои и Златен глобус и наградата на Здружението на филмски актери.

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

За време на доделувањето на SAG наградите, одржани минатиот месец, Гага зборуваше за тоа како е да се толкува поранешната сопруга на Маурицио Гучи, Патриција, која беше осудена за ангажирање на платен убиец за да го убие.

лејди гага
Лејди Гага / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот