ФОТО | Легендарниот гитарист на „Ролинг Стоунс“, Кит Ричардс, стана прадедо на 82 години
Легендарниот гитарист на групата „Ролинг Стоунс“, Кит Ричардс, за првпат стана прадедо на 82-годишна возраст, откако неговата внука роди женско бебе. Рокерот, кој веќе е татко на пет деца и дедо на осум внуци, со ова му се придружи на својот колега од бендот, Мик Џегер, кој исто така веќе ја има оваа животна улога, пишува „Мирор“.
Препорачано
Неговата внука Ела Ричардс (30) ја роди својата прва ќерка, која ќе го носи името Луна, а среќната вест ја објави на Инстаграм викендов, токму на својот 30-ти роденден.
Позирајќи со новороденото девојче, Ела, која е успешна манекенка и заштитно лице на брендот „Burberry“ — напиша:
„30. Најдобриот роденден досега со нашата ќеркичка Луна“.

Таа ја потврди бременоста уште во март годинава, со црно-бела фотографија на која го покажа трудничкиот стомак.

Ела го доби своето прво дете со нејзиниот долгогодишен партнер, аристократот и фотограф Саша фон Бизмарк (31), кој е помлад брат на Николај фон Бизмарк, поранешното момче на славната манекенка Кејт Мос. Инаку, токму Кејт Мос ѝ е кума на младата мајка Ела.
Под објавата на Ела веднаш се нижеа честитки од светски познати имиња. Меѓу првите кои честитаа беше Дафне Гинис, модна икона и наследничка на познатата династија за пиво „Гинис“, која напиша:
„Среќен роденден, премногу слатко“.
Честитки упатија и модната инфлуенсерка Камил Шариер, како и внуката на принцезата Дијана, аристократската и манекенка Лејди Кити Спенсер, која прокоментира:
„Рај! Среќен роденден и најголеми честитки“.
Легендите се враќаат — „Ролинг стоунс“ го открија насловот на новиот албум


