Кучето Лазар / Фото: Инстаграм/Офели Будол

ФОТО | Лазар има 30 години и наскоро би можело да биде прогласено за најстарото куче во историјата

Едно куче од Франција би можело да стане најстарото куче во историјата, откако организацијата Друштво за заштита на животните (СПА) стапи во контакт со Гинисовата книга на рекорди за официјално признавање, пишува „Телеграф“.

Станува збор за континентален минијатурен шпаниел по име Лазар, за кој се верува дека е роден на 4 декември 1995 година, што значи дека моментално е во својата 31-ва година.

Иако се соочува со бројни здравствени проблеми – артритис, намален слух и вид, како и проблем со јазикот кој постојано му виси од устата – Лазар и понатаму е жив доказ за неверојатна издржливост.

Кучето Лазаре / Фото: Инстаграм/Офели Будол

Досегашниот рекорд го држи кучето Блу, австралиски говедарски пес кој живеел 29 години и починал во 1939 година.

Лазар неодамна бил вдомен откако претходниот сопственик починал. Тој извесен период престојувал во засолниште во француските Алпи, каде што бил згрижен додека не добил нов дом.

Од засолништето велат дека возраста е внимателно проверена преку микрочип и официјалниот француски регистар за педигре кучиња.

Со сопственичката Офели Будол / Фото: Инстаграм/Офели Будол

„Направивме двојна проверка. Нема сомнеж – Лазаре е во својата 31-ва година“, изјави раководителката на засолништето.

Новата сопственичка, Офели Будол, вели дека за неа рекордот не е важен.

„Не ме интересира рекордот. Го вдомив затоа што ги сакам животните и веднаш почувствував врска со него. Не можев да дозволам животот да го заврши во засолниште – му требаше дом исполнет со љубов“, изјави таа за француските медиуми.

Доколку неговата возраст биде официјално потврдена, Лазаре би можел да стане најстарото куче досега регистрирано во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот