ФОТО | „Кутро животно“: Кравата Дорис се преправа дека спие за да не ја молзат

Фармерот Џон Броди и симпатичната крава Дорис / Фото: Фејсбук/Џон Броди/Скриншот/ТикТок

Кравата Дорис, која живее во една краварска фарма на островот Вајт во Велика Британија, беше прикажана на една информативна телевизиска програма во САД и стана вистински хит на платформата ТикТок, пишува „Би-би-си“.

Имено, на видеоснимката е прикажан фармерот Џон Броди како се обидува да ја натера неимпресионираната Дорис да се разбуди и да излезе надвор од нејзиното живеалиште.

Фармерот вели дека ова видео е само мал доказ дека Дорис е „повеќе личност, отколку крава“. Првично, тој го снимил видеото за да ѝ го покаже на неговата сопруга, Лора и да ја насмее со мрзеливото однесување на нивната Дорис.

„Лора сметаше дека видеото е смешно и го објави на ТикТок. Јас не знаев дека дошло до тоа“, вели Броди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)


Дорис ги освои срцата на многумина, кои отворено го искажаа своето сочувство за неподготвеноста на кравата да стане прерано. Се разбира, на шеговит начин.

„Јас сум Дорис“, „Тоа сум јас секое утро“, „Кутро животно, оставете ја да спие“, гласат дел од коментарите на ТикТок.

Во изјава за „Би-би-си“, Броди вели дека е фасциниран од бројните пораки кои ги добива откако Дорис стана интернет сензација. Тој вели дека ја обожава врската која ја изградил со симпатичната крава.

@laurabrodie3 Her face at the end, love Doris #cow #cows #cowsoftiktok #farming #foryou #fyp #britishfarming #cutenessoverloaded #farmlife ♬ original sound – Laura & John Brodie

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот