ФОТО | Култната кошула на „Гучи“ што ја прославија Кејт Мос и Мадона се врати и чини седум пати повеќе од оригиналот
Одвреме-навреме, на модните ревии се појавува парче на кое му се припишува статус на „иконско“, а истото не излегува од мода ниту децении подоцна. Вистински пример за ова е кошулата на модниот бренд „Гучи“ која првпат на ревијата ја прошета британскиот топ модел Кејт Мос.
Препорачано
View this post on Instagram
Славната манекенка ја носеше сината сатенска кошула и кадифените панталони на модната ревија на „Гучи“ во 1995 година, на која беше претставена колекција дизајнирана од Том Форд. Нејзиниот аутфит стана еден од највпечатливите стилови на таа деценија. Истата година, кралицата на поп музиката Мадона ја носеше таа кошула на доделувањето на видео музичките награди Ем-ти-ви.
View this post on Instagram
Сега, 31 година подоцна, култната кошула се враќа откако креативниот директор на модната куќа „Гучи“, Демна Гвасалија, тивко ја додаде во својата нова колекција, по цена од околу 1.200 евра, пишува „Дејли мејл“.
Откако оригиналната кошула се распродаде, обожавателите се пуштија во потрага на користени копии на страниците за препродажба. Блузата беше толку ретка и барана што неодамна беше продадена за нешто повеќе од 4.300 евра, седум пати повеќе од оригиналот, кој се продаде за 570 евра. Оние што ја пропуштија можноста да ја купат иконската кошула првиот пат конечно ќе можат да ја купат.
Гвасалија не ја прикажа кошулата на својата дебитантска ревија за „Гучи“ во февруари, но модното парче неодамна беше објавено на официјалниот инстаграм-профил на познатиот бренд.
На веб-страницата кошулата е гордо опишана како дел од колекцијата „Генерација Гучи“, која „достигнува до архивските кодови на брендот и комбинира различни генерации на дизајн во една естетска приказна“.
View this post on Instagram
Ова не е првпат дизајните на Том Форд да се вратат откако тој ја напушти модната куќа пред 22 години. Во текот на неговиот седумгодишен мандат како креативен директор на „Гучи“, модниот креатор Алесандро Микеле, исто така, пребаруваше низ архивите на Форд, презентирајќи сатенски кошули раскопчани во длабоки V-изрези и носени со кроени панталони што потсетуваа на култниот изглед на славната Кејт Мос.
ВИДЕО | Дваесет и една година подоцна, Мадона најави продолжение на својот култен албум


