Фото: Икс

ФОТО | Крвав судир на навивачите на Хајдук и Црвена Звезда во Тузла: Десетици повредени и над 90 уапсени

Десетици фудбалски навивачи белградска Црвена Звезда и сплитски Хајдук биле вклучени во масовна тепачка што се случи синоќа во близина на меѓународниот аеродром во Тузла, при што се повредени 23 лица, вклучувајќи и еден полицаец, пренесува српски Телеграф.

Според полицискиот извештај, до судирот дошло кратко по 21 часот. Локалната полиција реагирала брзо, а на местото на настанот биле испратени неколку патроли и специјални екипи.

Полицијата уапсила 93 лица, кои биле идентификувани како членови на навивачките групи на Црвена Звезда (Делии) и Хајдук (Торцида). Полицијата наведе дека ниту едно од нив не е од областа на Тузланскиот округ.

Според извештаите на медиумите, навивачите на Црвена Звезда се враќале од Шведска, каде што нивниот тим играше натпревар против Малме во Лига на Европа. По слетувањето на аеродромот во Тузла, биле нападнати од членови на групата „Торцида“, кои наводно организирале пресметка, во која биле оштетени и неколку возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот