ФОТО | Креативни подароци: Децата на познатите македонски дами им го честитаа 8 Март

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Денеска се одбележува 8 Март, Меѓународниот ден на жената. На овој празник секоја жена добива внимание, а особено мајките чии деца секогаш се обидуваат на креативен начин да ги изненадат.

Меѓу нив се и нашите познати дами, кои на социјалните мрежи со задоволство ги споделија креативните подароци од нивните деца.

Пејачката Тамара Тодевска сподели фотографија со честитка изработена од нејзината ќерка Хана која ѝ посветила песна на својата мајка, а во позадина се гледа и букет со прекрасни цвеќиња.

Инфлуенсерката Миа Костова сподели исто така фотографија од изработената честитка од незјиниот син Андрија.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачката Сара Мејс воодушевена од подарокот за 8 Март, сподели видео со кое ги покажа убавите пораки и цртежи изработени од нејзината ќерка Илина.

Уште една наша пејачка и млада мајка се пофали на социјалните мрежи со четитката за 8 Март. Кристина Димитри ја сподели честитката од својот син Давид.

И пејачката Бојана Скендеровски ја сподели на Инстаграм духовитата честитка од нејзината ќерка Искра.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Овој празник измамува насмевки кај многу жени, а дефинитивно нема поубав подарок за нив од оние изработени од креативните раце на најмалите.

ВИДЕО | Ивана Кнез, модна дизајнерка: Секоја жена има право да се дотера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот