Меган Маркл и кралицата Камила на погребот на кралицата Елизабета Втора што се одржа во Вестминстерската опатија во 2022 година/Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Нова драма во кралското семејство – кралицата Камила ја нападнала Меган: „Му го испра мозокот на Хари“ 

Нови, досега непознати детали од животот на британското кралско семејство се појавија во новоиздадена книга од авторот Том Бауер.

Кралицата Камила наводно ѝ се доверила на пријателка дека Меган Маркл му го „испрала мозокот“ на принцот Хари среде расправија во кралското семејство.

Ова и уште многу други пикантерии, досега непознати детали, се појавуваат во новата книга, која, според британските медиуми, ја шокирала јавноста.

Авторот Том Бауер тврди дека коментарот од кралицата Камила дошол во моментот кога односите меѓу принцот Хари и Меган Маркл и остатокот од кралскиот клан достигнале „точка на вриење“ кратко време по нивната раскошна венчавка во капелата „Сент Џорџ“ во 2018 година.

По гламурозната венчавка во Виндзор, младенците заминале на меден месец, но зад ѕидовите на палатата се подготвувал пеколот.

Според Бауер, чија нова книга се објавува во продолженија во „Тајмс“, работите се влошиле набргу откако младенците се вратиле во Британија.

Напнатата пресметка помеѓу Хари и неговиот постар брат, принцот Вилијам, наводно излегла од контрола, а Меган Маркл остро го критикувала својот девер за време на конфликтот.

– Ако не ви пречи, не вперувајте прст во моето лице – наводно му викнала на Вилијам во текот на експлозивната расправија.

Кралицата Камила потоа наводно ѝ раскажала сè на пријателка.

– Меган Маркл му го „испра мозокот“ на Хари – отворено пресудила таа.

Принцот Вилијам наводно веќе го предупредил својот помлад брат дека нивната бурна романса се движи пребрзо, објавил Бауер, повикувајќи се на извори.

– Премногу брзо се ожени со неа – наводно Вилијам му рекол на Хари за неговата врска со Маркл.

Во меѓувреме, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, наводно покажала иста загриженост, верувајќи дека Хари би можел да биде подложен на влијанието на неговата нова сопруга Меган.

Бауер, исто така, навел дека војводата и војвотката од Сасекс чувствувале постојано негодување поради своето место во кралската хиерархија – предодредени да бидат „резервни“, а не „вистински наследници“.

Се огласил и портпаролот на принцот Хари, кој ја опишал книгата на Бауер како „пореметена завера“.

– Коментарот на господин Бауер одамна ја премина линијата од критика до фиксација. Оние што се заинтересирани за факти ќе побараат на друго место, оние што бараат пореметени завери и мелодрама точно знаат каде да ги најдат – рекол портпаролот.

Тензиите што тлееја на крајот доведоа до драматично заминување на Сасекс од кралското семејство и во 2020 година, Хари и Маркл се повлекоа од кралското семејство и ја напуштија Велика Британија, започнувајќи го она што критичарите го нарекоа тотална медиумска офанзива против монархијата.

Од нивното експлозивно интервју со Опра Винфри во 2021 година до мемоарите на Хари „Резерва“ во 2023 година, двојката повеќепати ги изнесе своите поплаки за животот во палатата.

Принцот Хари, исто така, ги шокираше гледачите во интервју за Би-би-си, а кое вклучуваше и поприкриени критики кон кралското семејство.

Но, можеби конечно се појавила „светлина на крајот од тунелот“ и според пишувањето на британски „Сан“, принцот Хари би можел да подаде маслиново гранче повикувајќи го својот татко, кралот Чарлс Трети, да ги отвори игрите Инвиктус во 2027 година во Бирмингем.

ВИДЕО+ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

Принцот Вилијам му постави ултиматум на принцот Хари: Разведи се од Меган и ќе ти дозволам да се вратиш во семејството

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот