ФОТО: Кошаркарка за време на натпревар го доеше бебето на клупа

фото: Prensa del Club Tomás de Rocamora

Необична сцена од спортските терени доаѓа од Аргентина.

На натпреварот во женското кошаркарско првенство помеѓу Томас де Рокамора и Велез Сарсфилд, вниманието на светската јавност го привлече кошаркарката на домашниот тим, Антонела Гонзалез. Таа среде натпревар, го доеше своето 11-месечно бебе.

– Секогаш ја дојам пред натпреварот. Веќе го завршивме разговорот со тренерот и му реков дека ми е потребно малку време на клупата. Тоа е природно. Инненадена сум што нешто што е природно имаше толку голем оддек во јавноста. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за сите мајки дека по бременоста и породувањето можат да се вратат во професионалниот спорт изјави Гонзалез.

Нејзиниот тим славеше со 61:44, а Антонела Гонзалез постигна осум поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот