Јелена и Новак Ѓоковиќ во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Колапс на улиците на Милано поради Ѓоковиќ: Јелена го прегрнува Новак, сите очи вперени во нив 

Новак и Јелена Ѓоковиќ престојуваат во Милано, каде што ги гледаат Зимските олимписки игри, а српскиот тенисер сега сподели дел од атмосферата од ова патување.

Јелена и Новак Ѓоковиќ во Милано/Фото: Принтскрин/Инстаграм

На својот Инстаграм профил, Новак објави серија фотографии од прошетка со сопругата, покажувајќи колку уживале во заедничките моменти. Сопружниците ги усогласиле своите модни комбинации, двајцата облечени во светли фармерки и патики, додека расположени и среќни позирале за Инстаграм.

Новак не крие колку уживал во ова патување, па напишал кратка порака заедно со фотографиите и видеата:

„Неколку магични денови. Гледање злато на студ“, напишал тој.

Ноле истакнал дека многу се забавувале на ова патување и дека носат многу спомени од Милано.

Заедно со сопругата Јелена, синот и ќерката Стефана и Тара, тој бил пред познатата „Дуомо“. Новак и Јелена биле прегрнати, а Тара ги фотографираше. Ѓоковиќ го посетил и музејот посветен на Зимските олимписки игри, каде што ја фотографирал значката со знамето на поранешна СФРЈ.

Веруваме дека на улиците на Милано додека шетале, настанал општ колапс кога ги препознале.

 

 

Инаку, брачната двојка Ѓоковиќ во Милано престојува со своите деца Стефан (11) и Тара (8), истовремено уживајќи и во ЗОИ и во прекрасниот италијански град.

 

ФОТО | Пораката на Јелена Ѓоковиќ за Новак ги трогна сите: „Овој човек ми донесе љубов, страст…“

 

ФОТО | Пораката на Јелена Ѓоковиќ за Новак ги трогна сите: „Овој човек ми донесе љубов, страст…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот